ДУИ НЕ СЕ НА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА, НА ПОГРЕБ СЕ КАЈ МАЈКАТА НА АХМЕТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДУИ НЕ СЕ НА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА, НА ПОГРЕБ СЕ КАЈ МАЈКАТА НА АХМЕТИ

    Министрите и замениците-министри од ДУИ, како и пратеничката група на интегративците, со исклучок на две-три пратенички, не дојдоа на денешната седница за пратенички прашања во Собранието. Тие се на погреб на мајката на лидерот на партијата Али Ахмети во Зајас, која, според партиски извори, починала вчера.
    Ахмети со неговата мајка Хума, која почина на 82 години, се има појавено неколку пати во јаност. Еднаш заедно одеа на гласање
    Неизвесно е дали пратениците ќе стасаат и ќе присуствуваат на седницата закажана за 14.30 часот, на која почнува собраниската постапка за донесување на измените на законите за влада, МВР, изборниот законик, законот за медиуми и Законот за кривична постапка, кои партиите ги договорија минатата недела, а треба да доведат до исполнување на услови за одржување предвремени парламентарни избори на 11 декември годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари