ДУРЛОВСКИ ОД „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ НЕ ПОБАРА АМНЕСТИЈА И ДОБИ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА

    ДУРЛОВСКИ ОД „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ НЕ ПОБАРА АМНЕСТИЈА И ДОБИ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДАВодачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Богдан Илиевски Бетмен и Борис Дамовски на еден од протестите пред Собранието. (архивска фотографија)

    Оперскиот пејач и поранешен директор на Националната опера и балет Игор Дурловски е единствениот од 17-мината неамнестирани обвинети за нападот на Собранието на 27 април 2017, кој денеска доби ослободителна пресуда. Дурловски, исто така, беше единствен од водачите на „За заедничка Македонија“, кој не побара амнестија, за разлика од Богдан Илиевски Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски.

    Пред изрекувањето на пресудата, судијката Добрила Кацарска рече дека несомнено е дека Дурловски за време на протестите пред Собранието ја пеел химната, но за време на нападот не извршил насилство.

    Денеска во Основниот суд Скопје 1, на вкупно 211 години затвор беа осудени 16-мина обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Најголема казна, 15 години затвор, доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари