ДВАЈЦАТА ПАЦИЕНТИ СО КОРОНАВИРУС ОД ДЕБАР СЕ ПРЕФРЛЕНИ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА, НА 38 ЛИЦА СО КОИ ИМАЛЕ КОНТАКТ ИМ Е ПРЕПИШАНА ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА

    ДВАЈЦАТА ПАЦИЕНТИ СО КОРОНАВИРУС ОД ДЕБАР СЕ ПРЕФРЛЕНИ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА, НА 38 ЛИЦА СО КОИ ИМАЛЕ КОНТАКТ ИМ Е ПРЕПИШАНА ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈАФилипче пак потсети граѓаните со симптоми на корона вирус да не трчаат право кај матичните лекари и да шират зараза, туку дома да повикаат епидемиолози да им дојдат и ги прегледаат. - Министерот за здравство Венко Филипче (Фото: К. Попов)

    Двајцата заразени пациенти од Дебар со коронавирус, кои се заразиле при престој во Италија, од нивното место на живеење се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, кажа министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата, на која соопшти дека епидемиолозите нашле уште девет лица кои биле во близок контакт со двајцата заразени.

    За двајцата дебарчани кажа дека имаат сосема лесна форма на болеста, но ќе бидат постојано под лекарски надзор поради ризичната возраст.

    „Епидемиолозите најдоа уште деветмина кои биле во близок контакт со болните од Дебар. На сите им е препишана домашна изолација и надзор од епидемиолози. Сите сопатници на двајцата болни од автобусот се контактирани, извршени се анкети со нив, ќе им биде назначен домашен надзор. Еден од патниците е албански државјанин, за што го известивме Министерството за здравство на Албанија“, рече Филипче.

    Возачот на автобусот, пак, повторно заминал за Италија и денеска во 13.30 часот се вратил. Возачот, автобусот што го возел и сите патници се контролираат во моментов.

    Филипче пак потсети граѓаните со симптоми на коронавирус да не трчаат право кај матичните лекари и да шират зараза, туку дома да повикаат епидемиолози да им дојдат и ги прегледаат.

    „Возачот е прегледан и тестиран, од резултатите ќе зависи натамошниот третман на патниците“, продолжи во детали министерот, која кажа дека во автобусот со двајцата дебарчани имало 28 лица.

    Потоа кажа дека во реновиран, нов оддел во Демир Капија од Министерството за труд и социјала, има спремено објект за изолација, како истурен дел на инфективните оддели на Штип, Велес и Гостивар.

    Филипче пак потсети граѓаните со симптоми на коронавирус да не трчаат право кај матичните лекари и да шират зараза, туку дома да повикаат епидемиолози да им дојдат и ги прегледаат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира