ДВЕТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА ОТВОРИЛЕ НОВИ ИСТРАГИ ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ, ОТКРИ МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИ

    ДВЕТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА ОТВОРИЛЕ НОВИ ИСТРАГИ ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ, ОТКРИ МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИЗасега има само едно обвинение покренато од СЈО во врска со автопатите, за проневера на над 120 милиони евра при изградбата на автопатите од страна на кинеската компанија Синохидро. - Поранешниот премиер Никола Груевски направи увид во изградбата на автопатот Миладиновци-Штип на 22 мај минатата година (Фото: МИА)

    За градбата на автопатите во 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предистражни и истражни постапки водат Обвинителството за организиран криминал и корупција и Специјалното јавно обвинителство, открива министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

    „Има многу промашувања, нестручност и криминал во градбата на автопатиштата во изминатите години. Предистржни дејствија и истраги водат органите на обвинителствата, но тие се тајни и не сакам да откривам информации. На дневна основа, како што стигнуваат барања до Министерството од страна на Обвинителството за организиран криминал и од СЈО, согласно прислушуваните разговори, така ние испраќаме документација, потпишувани договори и друго“, рече Сугарески на вечерашното интервју во емисијата „Топ Тема“ на телевизијата „Телма“.

    Засега има само едно обвинение покренато од СЈО, за проневера на над 120 милиони евра при изградбата на автопатите од страна на кинеската компанија Синохидро. Судењето треба да почне утре во Основниот суд Скопје 1.

    Во случајот именуван како „Траекторија“, обвинет е поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот директор на Агенцијата за патишта Љупчо Ѓорѓиевски и експремиерот Никола Груевски. На ова судење ќе се слушаат бомбите за кинеските провизии што ги договараа Груевски и Јанакиески.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира