ЕДЕН МИГРАНТ ЗАГИНА, 13 ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКАТА НА АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА-НЕГОТИНО

    ЕДЕН МИГРАНТ ЗАГИНА, 13 ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКАТА НА АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА-НЕГОТИНОЧетворица од потешко повредените мигранти синоќа се пренесени на Скопските клиники. (Фото: СДК.МК)

    Еден мигрант загина, а 13 се повредени во синоќешната сообраќајна несреќа на автопатот Демир Капија-Неготино. Четворица од потешко повредените се пренесени на Скопските клиники, сите на возраст од околу 22 до 25 години. Десетмина мигранти биле од Пакистан, а тројца од Бангладеш.

    Сообраќајката се случила кога возилото со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија-Неготино, во близина на бензинската пумпа „ДЕП“ удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се запалило.

    Според МВР, товарно моторно возило „фолксфаген фејтон” со мигранти удрило во товарно моторно возило „сканија“, управувано од 58-годишниот Љ. Д. од Кавадарци.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира