ЕДУЦИРАЈТЕ НЀ И НАПУШТЕТЕ ГО ЛОКАЛОТ, ИНСПЕКТОРИТЕ РАЗОЧАРАНИ ОД ОДНЕСУВАЊЕТО НА КАФЕАНЏИИТЕ И ГОСТИТЕ КОИ ИГРАЛЕ НА МАСА

    ЕДУЦИРАЈТЕ НЀ И НАПУШТЕТЕ ГО ЛОКАЛОТ, ИНСПЕКТОРИТЕ РАЗОЧАРАНИ ОД ОДНЕСУВАЊЕТО НА КАФЕАНЏИИТЕ И ГОСТИТЕ КОИ ИГРАЛЕ НА МАСА„Свеста на граѓаните и на угостителите е на крајно ниско ниво. Затекнаваме жива музика, качени гости на маси, прегрнати“, вели директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски. (Фото: К. Попов)

    Кафеанџиите во првиот ден откако пак почнаа со работа воопшто не ги почитувале протоколите за работа пропишани од Владата, кажа директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски. Тој на денешната прес-конференција кажа е многу разочаран од она што вчера го виделе низ локалите вчера. Ечела жива музика, гостите играле и пееле качени на маса, се гушкале и бакнувале, а угостителите ги понижувале инспекторите.

    „Крајно разочарувачки е она што го видовме на терен. Свеста на граѓаните и на угостителите е на крајно ниско ниво. Затекнавме жива музика, качени гости на маси, прегрнати. Кога инспекторите ќе влезеа во локалите, газдите им викаа едуцирајте нѐ и напуштете го објектот. Не се почитуваат сите точки од протоколот, не само некои. Совеста затаи и затоа најавувам дека од денес секој ден и во сабота и недела, од утро до вечер ќе бидеме на терен и ќе казнуваме“, рече Пауновски.

    Според протоколите кои ги усвои Владата ќе работат само летните тераси и тоа до 22 часот. На една маса може да седат две лица, а ако се од исто семејство може и четворица. Масите треба да се оддалечени една од друга најмалку 1,5 метар. Нема стоење на шанк и на коњопои, забранети се прослави. На секоја маса треба да им средство за дезинфекција.

    Денеска во земјава дијагностицирани се 52 нови заболени со КОВИД-19, од кои 26 се од Скопје. Починаа 4 лица.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира