ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ МУХАМЕД МЕТИ СЕЈДИНИ УАПСЕН ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 700.000 ЕВРА ДАДЕНИ ОД УЕФА ЗА РАЗВОЈ НА ФУДБАЛОТ

    ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ МУХАМЕД МЕТИ СЕЈДИНИ УАПСЕН ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 700.000 ЕВРА ДАДЕНИ ОД УЕФА ЗА РАЗВОЈ НА ФУДБАЛОТСејдини е уапсен поради сомневања за проневера на 700.000 евра доделени од УЕФА за развој на фудбалот во Македонија, како и за злоупотреба на функцијата, а проневерата ја открило новото раководство на ФФМ. (Фото:СДК.МК)

    Уапсен е поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Мухамед Мети Сејдини, за кого постојат сомневања за проневера на 700.000 евра доделени од УЕФА за развој на фудбалот во Македонија, како и за злоупотреба на функцијата. Проневерата ја открило новото раководство на ФФМ, постапка отворило Скопското обвинителство, а апсел Одделот за гонење организиран криминал во Министерството за внатрешни работи (МВР).

    Сејдини беше избран за в. д. претседател на Фудбалската федерација на Македонија во март 2019, а претходно беше потпретседател. Во 2021 беше избран за претседател на редовно собрание. Како што инфраструктурно пропаѓаше македонскиот фудбал, сè погласни беа сомнежите дека раководството на ФФМ на чело со Сејдини ги злоупотребува парите доделени од УЕФА за развој на овој спорт.

    По потекло од Кичево, Сејдини беше на функцијата во ФФМ во времето на владеењето на ДУИ.

    Обвинителството најави дека наскоро ќе изнесе детали за случајот со проневера и злоупотреба во ФФМ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира