ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА НА ПАТАРИНА СТАРТУВА ОД РОМАНОВЦЕ ВО МАРТ

    ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА НА ПАТАРИНА СТАРТУВА ОД РОМАНОВЦЕ ВО МАРТДо крајот на 2018 година треба да бидат дигитализирани сите патарини долж коридор 10, а оние долж коридор 8 во текот на 2019 година

    Електронска наплата на патната такса ќе почне да се применува од март годинава на наплатната станица кај Романовце. Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, вели дека на оваа наплатна станица во тек е инсталација на софтвер за плаќање и во кеш и со припејд картичка и дека таму ќе стартува дигитализација на патарините.

    „За почеток на сите патарини ќе има опција да се плати таксата и електронски и во кеш, и како што луѓето ќе е навикнуваат на тоа ќе се зголемува електронската наплата. За почеток се набавени 500.000 припејд картички, на кои ќе се става одреден износ на пари и ќе може дигитално да се плати патарината“, вели Китанов.

    Тој објаснува дека во тек се градежни активности и за обнова на патарините, како и изградба на контролниот пункт за автопатот Демир Капија Смоквица кај Неготино.

    „Дел од старите наплатни рампи комплетно ќе ги реновираме, а дел ќе ги прошириме за да има побрз проток на возила. Откако ќе ја дигитализираме патарината кај Романовце, таа ќе ни служи и како тренинг центар за другите“, вели Китанов.

    Според него до крајот на 2018 година треба да бидат дигитализирани сите патарини долж коридор 10, а оние долж коридор 8 да бидат опремени со софтвер за електронска наплата во текот на 2019 година.

    „Го менуваме и целосно системот за вентилација во кабините за наплата, односно дотур на свеж воздух ќе има од специјализирани канистри, и луѓето кои работат на патарина да не дишат цело време загаден воздух од автомобилите што поминуваат“, вели Китанов.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира