ЕУ ГО ПОЗДРАВИ ИЗБОРОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

    ЕУ ГО ПОЗДРАВИ ИЗБОРОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО„Најостро ги осудуваме денешните напади на членовите на парламентот во Скопје. Насилство во парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и на воздржаност“, велат Могерини и Хан во заедничката изјава

    ЕУ го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и најостро го осуди насилството во Собранието.

    „Најостро ги осудуваме денешните напади на членовите на парламентот во Скопје. Насилство во парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и на воздржаност. Демократијата мора да продолжи по својот курс. Како позитивен го нотираме, според извештаите, изборот на Талат Џафери за нов спикер на Собранието. Европската Унија е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствениот пат за напредок. Ги повикуваме политичките актери да го почитуваат Уставот на земјата и да дејствуваат во духот на демократските принцпипи, пристојноста и на здравиот разум“, стои во заедничката изјава на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан.

    Тие ги повикуваат Министерството за внатрешни работи и полицијата да ја осигураат безбедноста на Собранието и на пратениците.

    „Македонија е земја кандидат и Европската Унија е подготвена да работи со Собранието на потребните реформи за придвижување на земјата напред кон нејзиниот европски пат“, стои во изјавата на Могерини и на Хан.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира