ЕУ ПАК ЌЕ ГО ЗАБРАНИ ВЛЕЗОТ ЗА ПАТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ РАСТОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19

    ЕУ ПАК ЌЕ ГО ЗАБРАНИ ВЛЕЗОТ ЗА ПАТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ РАСТОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при неесенцијални патувања во ЕУ. (Фото: СДК.МК)

    Европската Унија (ЕУ) повторно ќе ја стави Македонија на „црната листа“ за патување, откако вчера најави чекори за враќање на патните ограничувања поради растот на новозаразени од ковид-19 за САД и уште пет други држави, меѓу кои е и Северна Македонија, објави Дојче веле. 

    Меѓу земјите за кои ќе се вратат ограничувањата се и САД, Косово, Израел, Црна Гора и Либан. Процедурата за одлуката започнала денеска, а се очекува да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира.

    За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно т. н . неесенцијални патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето.

    Таканаречената „листа на безбедни земји“ на која се најде и Македонија беше усвоена од ЕУ на 15 јули годинава и на неа се најдоа 23 држави.

    Критериумите според кои се одредува дали граѓаните на некоја земја ќе можат туристички да патуваат во ЕУ ја опфаќаат актуелната епидемиолошка состојба и генералното справување со ковид-19, како и квалитетот на информациите и изворите на податоци. Дополнително, како во случајот на САД, фактор е и реципроцитетот, имајќи предвид дека жителите на ЕУ сѐ уште не можат да патуваат во САД.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира