ЕУ ПОЧНА СО САНКЦИИ КОН МАКЕДОНИЈА, ОТИ ВЛАДАТА НЕМА ВОЛЈА ЗА РЕФОРМИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Брисел,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕУ ПОЧНА СО САНКЦИИ КОН МАКЕДОНИЈА, ОТИ ВЛАДАТА НЕМА ВОЛЈА ЗА РЕФОРМИ

    Европската комисија ја скрати помошта за Македонија за 2016 година и одлучи да не продолжува со нови проекти затоа што владата и администрацијата не се подготвени или не сакаат да ги спроведат реформите, потврдија од Брисел за САКАМДАКАЖАМ.МК

    Маја Коцијанчиќ, портпарол на Европската комисија изјави дека кратењето на помошта за Македонија за 2016 година изнесува 27 милиони евра.

    Владата и администрацијата не беа во можност или немаа волја да ги исполнат реформските задачи, или да ја покажат потребната подготвеност за планирање на неопходните реформи, или да ги имплементираат фондовите од ЕУ во овие области“, изјави Маја Коцијанчиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК

    Владата и администрацијата не беа во можност или немаа волја да ги исполнат реформските задачи, или да ја покажат потребната подготвеност за планирање на неопходните реформи, или да ги имплементираат фондовите од ЕУ во овие области“, изјави Маја Коцијанчиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК

    „Во последниве години и особено во текот на минатата година, Европската комисија постојано на властите им ја искажуваше својата загриженост за тоа дека нема подготвеност и нема зрелост во планирањето во клучните сектори, како и дека нема политичка посветеност за да се исполнат потребните секторски реформи, а нема и посветеност за реформи воопшто“, изјави Коцијанчиќ.

    Таа вели дека како како резултат на недостигот од политичка волја за спроведување на реформите, „Комисијата сега мора да ја намали финансиската помош која ја имаше предвидено за 2016, а исто така  одлучи и да не продолжува со нов проект.“

    „Влошувањето на политичкиот контекст е една од причините поради кои, за жал, владата и администрацијата не беа во можност или немаа волја да ги исполнат реформските задачи, или да ја покажат потребната подготвеност за планирање на неопходните реформи, или да ги имплементираат фондовите од ЕУ во овие области“, изјави Маја Коцијанчиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира