ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ РАСПИША КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ ЗА 35 СТУДЕНТИ ПО ПРАВО

    ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ РАСПИША КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ ЗА 35 СТУДЕНТИ ПО ПРАВОМинатогодишните стипендисти на „Еуролинк осигурување“ со претседателката на Надзорниот одбор на компанијата Олга Костовска. (архивска фотографија)

    Еуролинк осигурување го распиша конкурсот за доделување 35 стипендии,  за 25 студенти  додипломци и 10 стипендии за  суденти на постдипломски студии, од Правниот факултет „Јустинијан Први “ во Скопје, соопшти осигурителната компанија. Конкурсот трае до 1 октомври 2017 година.

    Право на аплицирање за добивање Еуролинк стипендија имаат сите редовни студенти кои се запишани на прв и на втор циклус на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во Скопје, кои имаат редовен упис во учебната 2016/2017 година и кои исполнуваат услов за упис во учебната 2017/2018 година.

    За доделување на стипендијата потребно е студентите да ги исполнат следните услови: студентите да имаат остварено  просечен  успех од положени испити од најмалку 8,5,  да не се корисници на друга стипендија, да го задржат статусот редовен студент со просечен успех од 8,5 во учебната година кога ќе ја користат стипендијата. Притоа, студентите имаат можност да аплицираат за 35 целосни стипендии со кои ќе може да ги покријат трошоците за кофинансирање.

    За начинот на доставување на документите, потребните документи и апликацијата,  студентите може да се информираат и да ги преземат од интернет-страницата на Еуролинк www.eurolink.com.mk.

    Ова е четврта година по ред откако компанијата распишува конкурс за студенти по право во рамките на платформата за Корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“ .

    „Посебен акцент ставаме на образованието како основа за создавање доброобразовани поединци. Поддршката и енергијата кои ги вложуваме во овој важен сегмент во општеството имаат за цел да им помогнат на луѓето да се оспособат за да си помогнат самите себеси и на другите,  да создадеме доброобразовани генерации, кои ќе бидат носители на напредокот во нашето општество “, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк Осигурување.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира