ЕВАКУИРАНИ СТАНАРИТЕ ОД ЗГРАДА ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, ВО ВЛЕЗОТ СЕ ШИРЕЛ ОСТАР МИРИС

    ЕВАКУИРАНИ СТАНАРИТЕ ОД ЗГРАДА ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, ВО ВЛЕЗОТ СЕ ШИРЕЛ ОСТАР МИРИСПријавено е дека има непријатна миризба и печење на очи, се врши увид на терен да се види дали е некое пиротехничко средство или нешто друго, ни рекоа од МВР чии екипи во моментов вршат увид на лице место (Фото: Г. Конев))

    Евакуирани се станарите на една од зградите на улицата Кузман Јосифовски Питу број 15 во скопската населба Аеродром во трговскиот центар „Скопјанка“, откако од влезот почуствувале остар мирис.

    Пријавено е дека има непријатна миризба и печење на очи, се врши увид на терен да се види дали е некое пиротехничко средство или нешто друго, ни рекоа од МВР чии екипи во моментов вршат увид на лице место.

    „Уште во 15 часот  се осети миризба прво лук, па пипeрка, после 18 часот мирисот стана појак и почнавме сите да излегуваме надвор, многу остра миризба и мачнина во стомакот. Немаше никаков чад, само остра миризба, до шести кат се чуствуваше мирисот“, велат вознемирените станари.

    На местото на настанот е и скопскиот градоначалник Петре Шилегов (Фото: Г. Конев)

    Командирот на Бригата за противпожарна заштита Звонко Томески за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека сите станари се евакуирани навремено и нема повредени лица.

    „На лице место се екипи и од Брзата помош, известен е Центарот за управување со кризи. Екипи на Министерството за внатрешни работи вршат увид. Сега засега не знаеме од што е предизвикан остриот мирис на кој се пожалија граѓаните и кој се чувствуваше во влезот на зградата“, вели Томески.

    Пожарна и Брза помош не можат да влезат од столпчиња.

    На терен е и инспектор на Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира