ЕВЕНТУАЛЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД БИ БИЛ ОД ОДМАЗДА ЗА СЛУЧАЈОТ „ДИВО НАСЕЉЕ“, НЕ ОД ИСИС

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕВЕНТУАЛЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД БИ БИЛ ОД ОДМАЗДА ЗА СЛУЧАЈОТ „ДИВО НАСЕЉЕ“, НЕ ОД ИСИС

    Претседателот Ѓорге Иванов и министерот за внатрешни работи Митко Чавков едноподруго за два дена предупредија дека за Македонија има закана од исламистички тероризам, но експертската јавност укажува дека оваа закана не е реална. Тие сметаат дека евентуален терористички акт би бил од одмазда за убиените и притворените вооружени напаѓачи од Косово во случајот Диво насеље, а не од Исламска држава (ИСИС).

    Иванов во средата, за време на посетата на војниците АРМ на јужната граница, рече дека има реални закани од исламистички тероризам во државава. Вчера и Чавков рече дека се реални можностите за евентуални терористички напади, но дека полицијата има изградено професионална структура и контакти со партнерски служби, со што навремено би превенирале и би одговориле на евентуални терористички закани.

    „Како предупредување стои дека секаде е можно да бидат изведени терористички акции, но засега кон Република Македонија нема такви закани, или барем тие не стигнале до пошироката јавност“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, по тврдењата на претседателот Ѓорге Иванов и на министерот за внатрешни работи Митко Чавков дека Македонија е под опасност од терористички напади од Исламска држава.

    Трајанов смета дека неспокојот кај Чавков, Иванов и кај раководните структури на безбедносните служби не е толку од тероризам од ИСИС, колку што е од шпекулациите по социјалните мрежи дека се подготвува ослободување од притвор на обвинетите за ланските кумановски настани во Диво насеље во кои загинаа осум припадници на МВР и особено одмазда за убиените и притворените вооружени напаѓачи од Косово.

    Според наводните закани, се подготвува влез на вооружена група од Косово и ослободување на притворените со хеликоптер.

    Оттаму и Трајанов смета дека пореални се овие шанси за терористички напад од Косово, отколку некој да тргне од Сирија и да ја напаѓа Македонија. Притоа, тој вели дека цело време треба да се има предвид оти во Македонија има амбасади на држави во кои Исламска држава врши крвави терористички акции врз цивили. Исто така, не треба да се заборави и дека во Македонија има учесници – повратници од војните во Ирак, Сирија и Авганистан.

    Претседателот Иванов вели дека 86 повратници од боиштата во Сирија и Ирак се во Македонија и оти нивното движење и делување се следи, затоа што недостигаат докази тие да бидат уапсени.

    “Безбедносните служби во РМ работат ефикасно, но кога зборуваме за терористички напади мора да се каже дека станува збор за поединечни акти и никој не може да предвиди кога и каде ќе се случат. Гледаме дека и земји како Франција, Белгија и Германија не можат да се справат со нив“, дава примери Иванов.

    Во изминатите пет месеци, спречени се околу 18.000 лица, кои на илегален начин се обиделе да влезат во Македонија. Педесетина километри долгата жичена ограда е на постојан удар на шверцерите, кои ја искинале на 700 места со цел да пронајдат отвор за своите жртви.

    „Начинот на кој што армијата се справува со предизвиците од мигрантската криза претставува пример и за останатите безбедносни структури во регионот. На нас ни треба во овој период Армијата да е одморена. Ако дојде евентуално вториот бран да биде подготвена, како и минатиот пат да се справи со сите тие предизвици“, рече завчера Иванов.

    Објаснувајќи дека се реални можностите за евентуални терористички напади,Чавков вчера уверуваше дека полицијата има изградено професионална структура и контакти со партнерските служби, со што навремено би превенирале и би одговориле на евентуални терористички закани.

    “Состојбите во Европа и пошироко, упатуваат на тоа дека нема простор за теоретско елаборирање на овие проблеми и за импровизација, туку треба конкретно и фактичко подготвување за евентуален терористички напад, бидејќи шансите се многу реални“, смета Чавков, според кого “таквите закани не секогаш се предвидливи, туку променливи и сложени и терористичките закани не секогаш може навреме да се предвидат“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира