ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ДАДОА ЗБОР И СЕГА ТРЕБА ДА ГО ИСПОЧИТУВААТ, КАЖА ЗАЕВ ЗА ОЧЕКУВАНИОТ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

    ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ДАДОА ЗБОР И СЕГА ТРЕБА ДА ГО ИСПОЧИТУВААТ, КАЖА ЗАЕВ ЗА ОЧЕКУВАНИОТ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУЗаев кажа дека не се размислува за никави предвремени избори затоа што не очекува негативен одговор за датум за почеток на преговорите со ЕУ. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев верува дека земјава на 18 октомври ќе добие препорака за почеток на преговорите со Европската Унија. Но, и да нема позитивен одговор од европските лидери, ќе нема превремени избори за да не се губи време за економскиот развој на државата.

    „Јас верувам дека ќе ја добиеме одлуката. Сите земји во последните 20 години, кои како кандидатки добиле одлука за почеток на преговорите направиле помалку од нас. Европската Унија вети, ако вие испорачате резултати и ние ќе испорачаме. Очекуваме ЕУ да го одржи зборот. Ние не очекуваме од 18 октомври да бидеме полноправна членка, свесни сме дека тоа е пат, тоа е процес низ кој треба да поминеме, туку да го добиеме следниот чекор од тоа наше патување. Пораката која што ја испраќам преку вас медиумите до граѓаните, но пред сè до европските лидери е дека дадоа збор и сега треба да го испочитуваат. Затоа што го заслуживме, а ќе не мотивираат да продолжиме понатаму“, изјави Заев во Куманово, при посета на индустриската зона Речица.

    Заев кажа дека не се размислува за никави предвремени избори затоа што не очекува негативен одговор.

    „И да се добие негативна одлука не треба да се оди на избори, заради тоа што треба да се искористи овој драгоцен економски период на целата трансформација што се случува“, кажа Заев.

    Тој додаде дека добиле силна поддршка од сите партии во Бундестагот која ја потврди кацеларката Ангела Меркел,  па викендов со францускиот претседател Макрон, меѓудругото, ќе разговара и за проширувањето со земјите на Западен Балкан и нашата земја.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира