ФАТЕН ЦЕЛ АВТОБУС ПАТНИЦИ СО ЛАЖНИ ПЦР ТЕСТОВИ ШТО ПРЕКУ ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА ОДЕЛЕ ОД СКОПЈЕ ЗА БУГАРИЈА

    ФАТЕН ЦЕЛ АВТОБУС ПАТНИЦИ СО ЛАЖНИ ПЦР ТЕСТОВИ ШТО ПРЕКУ ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА ОДЕЛЕ ОД СКОПЈЕ ЗА БУГАРИЈАЛажни тестови биле откриени кај 30 патници при проверка на патниците на граничниот премин „Деве Баир". Фото: СДК.МК)

    Цел автобус со 30 патници денеска тргнал од Скопје кон Бугарија со лажни ПЦР тестови. Турата била организирана од туристичка агенција од Скопје, а лажните тестови биле откриени при проверка на патниците на граничниот премин „Деве Баир”.

    „Полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР тестови за ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    По проверката, од слобода биле лишени двајца албански државјани и биле изведени пред судија на претходна постапка. За останатите 28 патници – македонски државјани ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство по член 206 и член 378 од Кривичниот законик, вели МВР.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира