ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ НОВИ МЕРКИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДВИЖЕЊЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ И МЛАДИ ДО 18 ГОДИНИ

    ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ НОВИ МЕРКИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДВИЖЕЊЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ И МЛАДИ ДО 18 ГОДИНИМинистерот уште еднаш побара сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките кои се донесени од Владата оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на вирусот. (Фото: К. Попов)

    Ќе се воведат нови, дополнителни мерки со кои ќе се ограничи движењето на лица над 65 години и до 18 години. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција најави дека до Владата, Комисијата за заразни болести ќе предложени нови мерки со цел да се заштитат најризичните групи.

    „Вчера донесовме забрана за движење на сите граѓани од 21 до 6 часот наутро. Се работи на нови, дополнителни мерки со кои би се заштитиле најризичните групи. Станува збор за граѓаните над 65 години и за нив освен полициски час ќе биде ограничено движењето и во текот на денот, освен во утринските часови. Ќе има мерки и за оние кои не се во ризичната група, но го шират вирусот, тоа се младите лица до 18 години“, кажа Филипче.

    Министерот уште еднаш побара сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките кои се донесени од Владата оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на вирусот.

    „Никогаш не ни била потребна помошта од сите граѓани како сега. На 23.000 здравствени работници треба да им помогнеме сите 2 милиони граѓани. Ние сами не можеме тоа да го направиме. Имаме зголемување за заболени граѓани и тоа е очекувано. Во наредниот период ќе се зголемува бројот, но да ги почитуваме мерките за да ја забавиме кривата на раст на заразени лица. Јас сум сигурен дека меркиве ќе дадат ефект, тие се издржани и медицински оправдани“, кажа Филипче.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира