ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА, УЈП И ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА КОНТРОЛИРААТ ДАЛИ ИМА МАНИПУЛАЦИИ НА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ И ВО МАРКЕТИТЕ, ВЕЛИ ВЛАДАТА

    ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА, УЈП И ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА КОНТРОЛИРААТ ДАЛИ ИМА МАНИПУЛАЦИИ НА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ И ВО МАРКЕТИТЕ, ВЕЛИ ВЛАДАТААкцијата следува откако изминативе денови на бензинските пумпи се ограничуваше горивото кое може да го наточат граѓаните, а во маркетите беа повлечени одредени прехранбени производи. (Фото: СДК.МК)

    Финансиска полиција, заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведуваат засилени и сеопфатни контроли за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето со храна и горива, соопшти Владата. Акцијата следува откако изминативе денови на бензинските пумпи се ограничуваше горивото кое може да го наточат граѓаните, а во маркетите беа повлечени одредени прехранбени производи оти се чекаа нови, повисоки цени.

    „Инспекциски контроли на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти и на правните субјекти кои вршат трговија на мало и големо со нафтени деривати на територија на целата држава се спроведуваат со цел да нема застој во снабдувањето со прехранбени производи, овошје, зеленчук, енергенси и да не се создава паника кај потрошувачите“, велат од Владата, но не кажуваат дали и колку фирми и бензински пумпи се казнети досега.

    Во петокот, директорката на Пазарниот инспекторат Анета Симеска-Димоска за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека инспекторите во првиот ден откако бензиснките пумпи не точеа гориво не казниле никого оти кога излегле на терен не затекнале ограничувања.

    Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски кажа дека нафта има и дека нема да им се дозволи на пумпите „воено профитерство“.

    Од Владата велат дека  со излегувањето на терен и засилените контроли веќе се нормализира состојбата.

    „Храна, гориво и енергенси има доволно, граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да бидат смирени. Државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата“, вели Владата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира