ГЕРИЛЦИТЕ ВО БИТОЛА УПАДНАА НА ПРОМОЦИЈА НА КНИГА НА ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕРИЛЦИТЕ ВО БИТОЛА УПАДНАА НА ПРОМОЦИЈА НА КНИГА НА ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ

    „Оставка градоначалниче, предајте се!“, извикаа битолските герилци влегувајќи во салата во битолската бибиотека каде градоначалникот Владимир Талески присуствуваше на промоција на книга. Тие кон него фрлија и две маици на кои пишуваше „Подршка за СЈО“.

    „Градоначалникот е невин“, им рече режисерот Љубиша Ѓерогиевски чија книга „Тероризмот и кризата на демократијата“ се промовираше денес во Битола. Талески кој е близок соработник на Георгиевски, не даде никаков коментар, туку мирно продолжи да ги слуша говорниците.

    Ова е петта герила огранизирана од „Битолското движење“ чии членови протестираат скоро два месеца за оставка на битолскиот градоначалник Владимир Талески.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари