ГЕРМАНИЈА СЛАВИ 30 ГОДИНИ ЕДИНСТВО, НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ЦЕЛ ДЕН СЕ ПРИКАЖУВА ФИЛМ ЗА МАКЕДОНИЈА И ГЕРМАНИЈА ОД МАРТИН АНАСТАСОВСКИ

    ГЕРМАНИЈА СЛАВИ 30 ГОДИНИ ЕДИНСТВО, НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ЦЕЛ ДЕН СЕ ПРИКАЖУВА ФИЛМ ЗА МАКЕДОНИЈА И ГЕРМАНИЈА ОД МАРТИН АНАСТАСОВСКИПоради коронакризата, Германија ја прославува 30-годишнината од обединувањето со настани кои се пренесуваат онлајн. (Фото: Гети)

    Цел ден, од 7 часот до полноќ, на големиот екран на Плоштадот Македонија ќе се врти видео на Амбасадата на Германија во земјава, по повод Денот на германското единство. Станува збор за видео со обраќање на амбасадорката Анке Холштајн и проекција на филм кој победи на натпреварот на Амбасадата на тема „Германија – повторно соединување – Северна Македонија – Европа“.

    Германската амбасада претходно објави конкурс по повод 30 години од германското единство наменет за млади филмаџии да направат видео кое ги содржи темите 30 години, ЕУ-претседателство на Германија, а сето тоа поврзано со Северна Македонија, развој, млади луѓе, ЕУ. На конкурсот победија Мартин Анастасовски и камерманот Кристијан Караџовски.

    „За жал, на германските амбасади ширум светот поради корона-пандемијата им е забрането за Денот на германското единство да организираат настани со присуство. За да сепак го одбележиме важниот јубилеј достојно, создадовме видео, кое можете да го гледате на големиот екран на Плоштад Македонија. И покрај сѐ, славете малку со нас и останете здрави“, велат од Германската амбасада во Скопје.

    Германија ја прослави 30-годишнината од обединувањето на земјата со настан во катедралата во Потсдам, на кој присуствуваше канцеларката Ангела Меркел. Бројот на гости беше ограничен на 130, а задолжително беше носење заштитни маски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира