ГЕРМАНИЈА ВЕРУВА ДЕКА ИВАНОВ ЌЕ ДОЗВОЛИ ДА СЕ ФОРМИРА ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕРМАНИЈА ВЕРУВА ДЕКА ИВАНОВ ЌЕ ДОЗВОЛИ ДА СЕ ФОРМИРА ВЛАДА

    Парламентот мора да биде функционален за да може да одлучува за ургентните прашања што се под негова негова надлежност, изјави Кристијан Хелбах, специјален ополномоштеник на министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и државите од ЕФТА.  Тој, исто така, го повтори ставот на Германија дека веруваат дека претседателот ќе дозволи формирање Влада од мнозинството во Парламентот што поскоро.

    „За ова да биде можно, потребно е брзо создавање на владата за спроведување на ургентните реформски приоритети. Реформскиот процес е клучен. На луѓето им треба работа, социјална безбедност, владеење на правото, и ефективни мерки против корупцијата. Ги повикуваме сите aктери да се воздржат од покренување на разделувачки спорови неповрзани со овие приоритети“, рече Хелбах.

    Хелбах е убеден дека претседателот на државата ќе ги почитува резултатите од последните избори и ги повика политичките партии одговорно да дејствуваат за да се избегнат потенцијалните тензии.

    „Со загриженост ја забележуваме негативната реторика кон организациите на граѓанското општество и меѓународната заедница и ги повикуваме сите партии да се воздржат од таквиот јазик“, вели специјалниот ополномошник на германското МНР Хелбах. 

    „Мојата посета служи за да укаже дека Германија се грижи за иднината. Германија ја потврдува својата посветеност во поддржувањето на вашата држава на патот кон НАТО и ЕУ, согласно претходните изјави на Европскиот комесар Јоханес Хан и Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини“, додаде тој.

    Според него, многу е важно да продолжи работата на Специјалното јавно обвинителство во соработка со независна и кредибилна судска поддршка.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира