ГО ЗАМРЗНУВАМ ЧЛЕНСТВОТО ВО СДСМ ДОДЕКА ПАРТИЈАТА НЕ СЕ ОГРАДИ ОД СТАВОВИТЕ НА ЗАЕВ ЗА БУГАРИЈА, ВЕЛИ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ

    ГО ЗАМРЗНУВАМ ЧЛЕНСТВОТО ВО СДСМ ДОДЕКА ПАРТИЈАТА НЕ СЕ ОГРАДИ ОД СТАВОВИТЕ НА ЗАЕВ ЗА БУГАРИЈА, ВЕЛИ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИЦрвенковски ги повикува членовите на СДСМ под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО, ниту на СДСМ во целина. - Црвенковски и Заев на конгрес на СДСМ во октомври 2016 (Фото: СДК.МК)

    Ставовите и тезите искажани во интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС  предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава, вели поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски. Тој во изјава испратена до медиумите вели дека направена е огромна и непоправлива штета и најавува дека ќе го замрзне членството во СДСМ додека партија не се огради од ваквите ставови.

    „Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата“, вели Црвенковски во обраќањето до сопартијците, испратено до медиумите.

    Затоа Црвенковски ги повикува членовите на СДСМ под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО, ниту на СДСМ во целина.

    „Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ. До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, вели Црвенковски.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира