ГОРИ ПРИЕМНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“

    ГОРИ ПРИЕМНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“Од Пожарната велат дека станува збор за поголем прожар и во моментов се интервенира.(Фото: СДК.МК)

    Попладнево избил пожар во затворот „Идризово“, потврдија од Противпожарната бригада на град Скопје. Запалено е приемното одделение и во моментов Бригадата за противпожарна заштита го гаси пожарот.

    „Има поголем поголем пожар во затворот ‘Идризово‘ во приемното одделение. Во моментов интервенираме со неколку возила, дополнителни информации ќе имаме откако ќе завршиме со интервенцијата“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК командирот на Пожарната Звонко Томески.

    Од Пожарната велат дека не се познати причините за избувнување на пожарот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира