ГОСПОДИНОТ ЏАФЕРИ Е ВО ФОРИНО, ТУКА СУМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ, ЏАФЕРИ НЕ ГО ПРИМИ ПИСМОТО НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА МИЦКОСКИ ДА СЕ ОБРАТИ ВО СОБРАНИЕТО

    ГОСПОДИНОТ ЏАФЕРИ Е ВО ФОРИНО, ТУКА СУМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ, ЏАФЕРИ НЕ ГО ПРИМИ ПИСМОТО НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА МИЦКОСКИ ДА СЕ ОБРАТИ ВО СОБРАНИЕТОВМРО-ДПМНЕ со писмо побара од претседателот на Собранието Талат Џафери лидерот Христијан Мицкоски да се обрати во Собранието на седницата на која се расправа за уставните измени, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев сакаше да го прочита писмото од собраниската говорница. Претседателот на Собранието Талат Џафери го прекина Данев. (Фото: К. Попов)

    ВМРО-ДПМНЕ со писмо побара од  Талат Џафери лидерот Христијан Мицкоски да се обрати во Собранието на седницата на која се расправа за уставните измени, но собранискиот спикер вели дека не го примил писмото затоа што било адресирано до господинот Талат Џафери, а не до претседателот на Собранието.

    Од Собранието ни потврдија дека стигнало писмото до архивата, но собраниските служби го вратиле назад, од причината што ја наведе Џафери.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, цитирајќи го Деловникот, побара од Џафери Мицкоски да се обрати пред пратениците.

    „Господине Џафери, бидете на висината на задачата, во овие кризни моменти дозволете да се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Деловникот тоа го предвидува. Писмото е испратено до вас“, му рече Данев на Џафери.

    Џафери кажа дека Деловникот не дозволува Мицкоски да се обрати пред пратениците.

    „Да му пуштите писмо на господинот Талат Џафери од Форино. Јас немам добиено тука писмо. Тука сум со адреса претседател на Собранието Талат Џафери. Јас имам волја, но тука не се работи за тоа, туку Деловникот не дозволува Мицкоски да се обрати. Тој не е пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ не е орган за да можам да ги поканам да зборува во Собранието“, му реплицираше Џафери на Данев.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари