ГОСТИВАРСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ И НАСТАВНИКОТ ЗАТЕКНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА СЕ НА БЕЗБЕДНО И НАСКОРО СЕ ВРАЌААТ, ВЕЛИ МНР

    ГОСТИВАРСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ И НАСТАВНИКОТ ЗАТЕКНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА СЕ НА БЕЗБЕДНО И НАСКОРО СЕ ВРАЌААТ, ВЕЛИ МНРБројот на загинати во денешниот катастрофален земјотрес во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 2.300. (Фото: ЕПА)

    Деветмината македонски државјани кои беа затекнати за време на земјотресот во Турција се безбедно и не се во животнозагрозувачка состојба, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Станува збор за ученици во средно училиште од Гостивар плус нивниот наставник, при што учениците доаѓаат од поширокото соседство – Маврово, Тетово. Тие престојувале во Турција преку програмата „Еразмус плус’.

    Според последните информации на МНР, за едно од децата кое има скршеница, направена е првична медицинска санација, и истото е подготвено за патување и заедно со групата ќе биде упатено назад кон земјава, штом дипломатот од Амбасадата во Анкара пристигне на лице место.

    По инструкција на МНР, Амбасадата во Анкара испрати дипломат заедно со комби, со кое загрозените граѓани ќе бидат упатени на безбедна локација од каде ќе го продолжат патот кон земјава.

    „Според последните информации од Амбасадата во Анкара, и Генералниот конзулат во Истанбул добиени во 18:30 часот (16:30 македонско време) нема други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, а нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба“, велат од МНР.

    Од Министерствто истакнуваат дека македонските дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

    Бројот на загинати во денешниот катастрофален земјотрес во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 2.300, од кои речиси 1.500 низ десет турски провинции. Се очекува бројките значително да пораснат во услови кога голем број луѓе остануваат заробени под урнатините.

    Најтешко се погодени десет града, меѓу кои: Газиентеп, Кахраманмарас, Хатаи, Османије, Адијаман, Малатија, Санлиурфа, Адана, Дијарбакир и Килис. Во овој регион нарушена е нормалната комуникација, а сложените временски услови проследени со исклучително ниска температура, снежни врнежи и намалена видливост, дополнително го отежнуваат справувањето со последиците.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира