Oтстранет е споменикот на Ќосето од тревникот на крстосницата кај Врховниот суд во Скопје.
Работниците кои утрово го тргаа Ќосето за САКАМДАКАЖАМ.МК рекоа дека добиле налог од властите на Град Скопје. Некои од нив рекоа дека по отстранувањето, ќе го носат споменикот во магацините на Металскиот завод Тито.
Споменикот со кама в рака на Андон Јанев-Ќосето, контроверзен лик познат во историјата како ликвидатор на ВМРО, е еден од петте споменици кои се издигнаа на 7 септември 2014 на различни локации во Скопје, а кои Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Спомениците беа поставени во времето на градоначалникот Коце Трајановски.
Официјална изјава од Град Скопје не успеавме да добиеме.
А. АНТЕВСКА