ГРЦИЈА МОРА ДА ГО ПОЧИТУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, ИАКО ЈАС НЕ БИ ГО ПОТПИШАЛ, МУ КАЖАЛ МИЦОТАКИС НА ЗАЕВ ВО ЊУЈОРК

    ГРЦИЈА МОРА ДА ГО ПОЧИТУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, ИАКО ЈАС НЕ БИ ГО ПОТПИШАЛ, МУ КАЖАЛ МИЦОТАКИС НА ЗАЕВ ВО ЊУЈОРКНа средбата во Њујорк, Заев му кажал на Мицотакис дека македонската влада е подготвена за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу двете земји. (Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис се сретнаа првпат за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Како што пренесоа грчките медиуми, Мицотакис му кажал на Заев дека тој не би го потпишал Договорот од Преспа и нагласил дека како лидер на опозицијата направил сè што можел за да не се ратификува. Но, додал Мицотакис, по ратификацијата, Договорот од Преспа е дел од меѓународното право и затоа Грција мора да го почитува.

    Заев, како што соопшти македонската влада, му рекол на Мицотакис дека Северна Македонија е подготвена за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу двете земји, како што е предвидено со Договорот од Преспа, за кој тој потенцирал дека е историски чекор и значаен договор за градење добрососедство, поблиска соработка и конструктивни и позитивни односи меѓу двете земји.

    „На средбата со грчкиот премиер Мицотакис, премиерот Заев информираше за напорите за зајакнување на спроведувањето на тековните реформи со цел да се отвори простор за почеток на преговорите за влез во ЕУ за што се очекува позитивна одлука во октомври годинава. Беше изразена поддршка од страна на грчкиот премиер за отворање на преговори со ЕУ и беше потенцирано дека доследната и навремена имплементација на Договорот од Преспа е клучна за унапредување на односите и обезбедување на европската перспектива за Северна Македонија“, се вели во соопштението на македонската влада.

    На средбата било заклучено дека унапредувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и директните инвестиции се од заемна корист за сите граѓани од двете држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира