ГРУЕВСКИ НЕ ДОЈДЕ ВО АПЕЛАЦИЈА ДА СИ ГО БАРА ПАСОШОТ

    ГРУЕВСКИ НЕ ДОЈДЕ ВО АПЕЛАЦИЈА ДА СИ ГО БАРА ПАСОШОТЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на јавната седница на Апелациониот суд на 21 јули (Фото: СДК.МК)

    Обвинетиот во четири предмети на СЈО експремиер Никола Груевски денеска не дојде во Апелациониот суд Скопје, по вторпат да си го бара одземениот пасош. На негово барање, денеска почна седницата во судот, но во негово име, присутни се адвокати.

    Пасошот на Груевски му беше одземен на 3 јули годинава. Летото, кога СЈО бараше пред Апелација притвор за него, а Груевски си го бараше пасошот, негов главен аргумент беше дека нема намера да бега и оти планира да победи на локалните избори. Сега пак си го бара пасошот, но не победи, туку катастрофално изгуби.

    Денешната расправа во второстепениот суд е по жалба на Груевски, зашто на 27 септември, Кривичниот суд одби да му го врати назад. Обвинетиот Груевски имаше побарано од судот да му биде вратена патната исправа, аргументирајќи дека дисциплинирано се однесувал два месеца, редовно таму се јавувал и се потпишувал, во законски утврдениот термин.

    Но, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал одлучи: „Барањето се одбива како неосновано“.

    „Мерката на претпазливост, Привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница и мерката, Привремено одземање на дипломатска патна исправа – остануваат на сила“, наведе тогаш Основниот суд Скопје 1.

    Груевски е обвинет од СЈО во случаите: ТНТ, Титаник, ТНТ и Насилство и шамари во Центар.

    Основниот суд Скопје 1 одлучи да не му го врати ни пасошот на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков.

    Тие бараа судот да постапи на ист начин како со одземениот пасош на премиерот Зоран Заев, кому судот подоцна му го врати пасошот во случајот „Пуч“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира