ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ПОБАРАЛЕ АЗИЛ ВО ГРЦИЈА, СУДЕЊЕТО ВО СОЛУН ОДЛОЖЕНО ЗА 17 МАЈ

    ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ПОБАРАЛЕ АЗИЛ ВО ГРЦИЈА, СУДЕЊЕТО ВО СОЛУН ОДЛОЖЕНО ЗА 17 МАЈГрујевски и Бошковски и натаму остануваат во екстрадицискиот затвор во Солун

    Поранешниот началник на Петтата управа при МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, обвинети за нелегално прислушување во случајот на СЈО „Таргет/Тврдина“, остануваат во екстрадицискиот затвор во Солун откако побарале азил во Грција, потврдиле нивните адвокати за „Макфакс“.

    Тие денеска требаше да се појават пред Судот за прекршоци во Солун за поседување лажни патни исправи, но рочиштето беше одложено, откако не се појавил уште еден од обвинетите за исто дело.

    Судот го закажал следното рочиште за 17 мај, а во меѓувреме, на 13 декември, ќе се разгледува барањето на македонските власти за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски, доставено на 6 ноември. Нивните адвокати притоа изјавиле дека тие побарале политички азил во Грција.

    Грујевски и Бошкоски претходно двапати излегуваа пред Судот во Солун, но рочиштата беа одложувани поради немање овластен судски преведувач. Уапсени беа со лажни пасоши на 18 октомври на аеродромот во Солун, во обид да заминат за Будимпешта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира