ХАЈНДЛ: НЕ ЈА ИСКЛУЧУВАМ МОЖНОСТА ОД ПОСЛЕДИЦИ ЗА ОНИЕ ШТО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧУВААТ ПРОМЕНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ХАЈНДЛ: НЕ ЈА ИСКЛУЧУВАМ МОЖНОСТА ОД ПОСЛЕДИЦИ ЗА ОНИЕ ШТО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧУВААТ ПРОМЕНИТЕ

    Договорот од Пржино и натаму е добра основа за изнаоѓање на решение за кризата во Македонија, вели во интервју за „Дојче веле“ специјалниот пратеник на германскиот шеф на дипломатијата Јоханес Хајндл, и додава дека „априлската амнестија за политичарите на претседателот Ѓорге Иванов ги поткопа досегашните напори и не е во согласност до договорот“.Специјалниот пратеник не ја исклучува можноста од последици за сите поединци кои ќе ги попречуваат промените и во интервјуто говори за јасни рокови во кои ќе мора да се спроведат обврските, пишува „Дојче Веле“.

    „Решенијата произлегуваат од Договорот од Пржино, кој дава јасни параметри за кои партиите се обврзаа минатото лето“, вели Хајндл.

    Тој се согласува со ставовите на германскиот државен министер Михаел Рот, кој во понеделникот во Брисел изрази „екстремна загриженост за внатрешно-политичката состојба во Македонија“ и порача дека не смее повеќе да се става „на тест трпението на меѓународната заедница и на Европската Унија“.

    Хајндл вели дека ЕУ и Германија сакаат да и помогнат на земјата да најде излез од кризата, но патот ќе мора самата да го изоди. Прв чекор на тој пат, според специјалниот пратеник, треба да биде повлекувањето на амнестијата на претседателот Иванов, а чистењето на избирачките списоци, обезбедување на независноста на медиумите и овозможување еднаков пристап до нив за сите партии, се услови без кои не може да се организираат фер и демократски избори, наведува Хајндл.

    Во интервјуто за „Дојче Веле“, кое во целост ќе биде објавено утре, Хајндл потенцира дека мора да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а сите осомничени од скандалот со прислушкувањето, да одговараат пред законот.

    Јоханес Хајндл беше именуван за специјален пратеник на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер на почетокот на овој месец и веќе на два пати ја посети земјава. Се очекува неговиот ангажман да продолжи и во наредниот период, најмалку до наесен.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари