Специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи Франк Валјтер Штајнмаер, амбасадорот Јоханес Хајндл посочи три точки што се важни да се спроведат без одложување.
„Прво, партиите треба да се договорат за датум за изборите и да го направат тоа што е потребно за спроведување слободни и фер избори. Второ, на Специјалното јавно обвинителство мора да му биде овозможено да работи без опструкции и, трето, партиите мора да се договорат без одложување за спроведување на реформите нотирани во извештајот на Прибе“, рече Хајндл.
Тој ја поздрави одлуката на претседателот за целосно поништување на аболицијата, додавајќи дека тоа ќе овозможи фокус на оние прашања што се клучни за иднината на земјата.