И ДА ГО ОСЛОБОДИ ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ ОД ЗАТВОР, ГРУЕВСКИ ГО ЧЕКААТ ПЕТ РЕШЕНИЈА ЗА ПРИТВОР

    И ДА ГО ОСЛОБОДИ ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ ОД ЗАТВОР, ГРУЕВСКИ ГО ЧЕКААТ ПЕТ РЕШЕНИЈА ЗА ПРИТВОРНикола Груевски избега од Македонија додека судскиот курир го бараше да му врачи упатен налог за в затвор, кој гласеше: „Веднаш“. - Никола Груевски пред Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Пред Кривичниот совет на Врховниот суд стаса барањето на азилантот Никола Груевски за да не оди в затвор за случајот „Тенк“. Со правосилна пресуда, Груевски за нарачка на мерцедес од 600 илјади евра од парите на полицијата, односно од буџетот на МВР, беше осуден на две години затвор.

    Претседател на Кривичниот совет е претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

    Пред да избега од Македонија, Груевски најави дека со вонреден правен лек, што му е дозволен на секое осудено лице, ќе бара од Врховниот суд да ја преиспита како затворската пресуда, така и начинот на водењето на постапката во случајот на СЈО „Тенк“.

    Петчлениот Кривичен совет на чело со Вангеловски може да му ја укине пресудата на Груевски, а во делот кај што е нападнат начинот на водењето на постапката, може да одлучи да го врати судењето на почеток. Но и да се остварат овие две можности, Груевски тешко би се вратил и би останал на слобода, бидејќи во сите случаи каде што е обвинет, вклучително и за „Талир“ за незаконско финансирање со милионски суми на партијата ВМРО-ДПМНЕ, има решенија за притвор од по 30 дена, оној момент кога ќе биде достапен.

    Во моментов тој ужива азил во Унгарија.

    Пред Врховниот суд стасал и предметот за вонредно преиспитување на пресудата и на начинот на водење на постапката и за издвоениот предмет „Тенк“ против ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која со правосилна судска пресуда е осудена на 4 години затвор. Судија за извршување санкции донесе одлука таа затворската казна да почне да ја издржува од први јули 2019 година, поради чување мало дете.

    Упатниот акт за одење в затвор на Груевски гласеше: „Веднаш“, но тој во ноември лани избега додека курирот го бараше да му го врачи. Пресудата за „Тенк“ стана правосилна на 5 октомври, кога Апелациониот суд ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира