И ХОЛАНДСКИ ДИПЛОМАТСКИ ПРИТИСОК ЗА КРИЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И ХОЛАНДСКИ ДИПЛОМАТСКИ ПРИТИСОК ЗА КРИЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА

    Холандија најави дека генералниот директор за европска соработка Роберт де Хроут, кој е претставник на ниво на заменик- министер, денес и утре ќе биде во Македонија и има закажано средби со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со лидерите на четирите политички партии кои се потписници на Договорот од Пржино, соопшти Министерството за надворешни работи на Холандија.

    Нефицијално дознавме дека Де Хроут денеска ќе се сретне и со специјалниот пратеник на Германија Јоханес Хајндл и со другите ЕУ амбасадори, како и со помошник-заменикот на државниот секретар на САД Хојт Ји.

    Холандија, која во моментов го има претседателството со Советот на Европската унија, ги повикува сите страни сега да преземат одговорни, одлучни и инклузивни активности кои ќе ја изведат Македонија од тековната криза, соопшти Министерството за надворешни работи на Холандија и додаде дека целосно се придружува на изјавите дадени вчера од Европската унија и САД.

    „Како што се споменува во писмата упатени до лидерите на политичките партии од министерот Кундерс порано овој месец, клучните чекори кои треба да се преземат се: 1) спроведување на реформите кои ќе доведат до слободни, фер и инклузивни избори, и 2) овозможување на непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, особено со повлекување на аболицијата на политичарите од Претседателот Иванов без понатамошно одлагање“, се вели во соопштението.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари