И ЦАРИНИЦИТЕ БАРААТ ПОГОЛЕМИ ПРИМАЊА ЗА 30 ОТСТО КАКО ШТО ДОБИЈА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ, ЌЕ ГИ ЗАТВОРАТ ГРАНИЦИТЕ АКО НЕ ИМ СЕ ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО

    И ЦАРИНИЦИТЕ БАРААТ ПОГОЛЕМИ ПРИМАЊА ЗА 30 ОТСТО КАКО ШТО ДОБИЈА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ, ЌЕ ГИ ЗАТВОРАТ ГРАНИЦИТЕ АКО НЕ ИМ СЕ ИСПОЛНИ БАРАЊЕТООд Сојузот на синдикати велат дека велат дека ако новиот директор на Царинска управа Стефан Богоев не ги послуша, ќе бидат затворени граничните премини. (Фото: СДК.МК)

    Вработените во Царинска управа в петок од 12 часот ќе одржат предупредувачки протест, со барање да им се почне да им се исплаќа додаток од 30 отсто, што им следува законски со години наназад, а не го добиваат. Сојузот на синдикати на денешната прес-конференција се пожали дека Министерството за финансии за себе си обезбеди 30 отсто покачување на платата, а на вработените во Царинска управа не им се исплаќа додатокот.

    „Како што најавивме на протестот на 1 мај дека ќе имаме жешко синдикално лето, тоа веќе почна да се остварува. Во петок од 12 до 12.30 часот ни е најавен протест во Царинската управа. Вработените во Царинската управа, веќе со години наназад имаат право на додаток од 30 отсто, но тие тој додаток не го добиваат, а министерот за финансии си обезбеди 30 отсто покачување на платата во Министерство во финансии и во други институции. Затоа решивме да направиме предупредувачки протест, да побараме исплата на додаток на плата за вработените во Царинската управа, кои го полнат буџетот со повеќе од 51 отсто секоја година. Знаеме дека има нов директор, чекаме да дојде, чекаме прием, да видиме дали ќе нѐ сослуша. Не се откажуваме од барањето и не нѐ интересира дали има нов или стар директор“, велат од Сојузот на синдикати.

    Оттаму велат дека ако новиот директор Стефан Богоев, кој вчера беше назначен на функцијата во Царинска управа, не ги послуша, ќе бидат затворени граничните премини.

    „Доколку не нè послушаат ќе се радикализираат и протестите, размислуваме за затворање гранични премини“, додаваат од Сојузот на синдикати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира