И ВО 2009 ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ОБИДОА ДА СИ ПРОТНАТ ЗАКОН СО КОЈ ЌЕ ИМ СЕ ГАРАНТИРА ДРЖАВНА РАБОТА, АМА ЈАВНОСТА ГИ СПРЕЧИ

    И ВО 2009 ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ОБИДОА ДА СИ ПРОТНАТ ЗАКОН СО КОЈ ЌЕ ИМ СЕ ГАРАНТИРА ДРЖАВНА РАБОТА, АМА ЈАВНОСТА ГИ СПРЕЧИПовеќе од 25 години пратениците се обидуваат да си изгласаат бенефиции по завршување на пратеничкиот мандат. (Фото: К. Попов)

    Група пратеници бараат дел од привилегиите кои ги имаат да им важат и по завршување на мандатот. Тие вчера во  во Собранието јавно не сакаа да зборуваат за предлогот кога ќе им заврши мандатот, ако останат без работа, да мора да бидат вработени во државната администрација.

    Дел од пратениците за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека тоа е само идеја и прво треба да се види дали Собранието и Владата ќе се усогласат или не. Поради тоа што знаат дека идејата нема да помине со одобрување во јавноста, никој од нив не сакаше да зборува до каде е изработката на текстот за пратенички привилегии.

    Овој предлог за пратенички привилегии не е нов. Содржината е слична со работната верзија на Законот за Собрание од 2009 година.

    Во 2009, тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Собранието, на координативен состанок со тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски ја прифатиле работната верзија на Закон за Собрание. Во него било предвидено пратениците по завршување на пратеничкиот мандат автоматски да можат да се вработат во државната администрација. Но, по реакции на јавноста, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се повлекоа од предлогот за зголемување на привилегиите.

    Ниту тоа не беше прв обид пратениците да си изгласаат некакви привилегии за себе кои ќе важат по завршување на пратеничкиот мандат.

    Во 2002, тогашниот состав на Собранието спреми закон со слични привилегии.

    Тогаш претседател на СДСМ беше Бранко Црвенковски, кој заедно со пратеничката група на СДСМ беше против донесување на измени на Законот за пратеници, со кои се добиваат пратенички привилегии и по завршување на мандатот. Привилегиите би важеле и за пратениците од првиот парламентарен состав.

    Во 2005 беа изгласани измени на Законот за пратеници со кој се овозможуваше пратениците да одат во пензија со 25 години работен стаж и 55 години возраст, а пратеничките со 25 години стаж и наполнети 53 години.

    Уставниот суд тогаш ги укина членовите што предвидуваа привилегии за пратениците.

    Од Работната група за реформи на интерпарламентарното тело за реформа, интеграција и помирување велат дека овој закон не е приоритет, туку сакаат до крајот на годината да ги донесат сите реформски закони (19), а после Нова година и останатите 15 закони.

    Во реформските закони се новиот Закон за судови, за Јавно обвинителство, за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и Законот за формирање на нова Антикорупциска комисија.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира