ИГРИ НА ТРОНОТ ВО ВМРО-ДПМНЕ: МИЛОШОСКИ НЕ ГЛАСАШЕ ЗА ДВА ОД ПРЖИНСКИТЕ ЗАКОНИ ШТО ГИ ИСПРЕГОВАРА РИВАЛОТ ТОДОРОВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАМАМ.МК)

    ИГРИ НА ТРОНОТ ВО ВМРО-ДПМНЕ: МИЛОШОСКИ НЕ ГЛАСАШЕ ЗА ДВА ОД ПРЖИНСКИТЕ ЗАКОНИ ШТО ГИ ИСПРЕГОВАРА РИВАЛОТ ТОДОРОВ

    Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вчера во Собранието не гласаше за два закони што беа дел од пакетот од Пржинскиот договор, за кои во име на партијата преговараше министерот за здравство Никола Тодоров. Како што се гледа од листингот на гласање од 113 собраниска седница, која се одржа вчера, каде беа изгласани измените на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Изборниот законик, Законот за Влада по скратена постапка, пратеникот Милошоски гласал за измените на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а за измените на Изборниот законик и за измените на Законот за Влада не гласал.

    Делумното гласање на Милошоски за пакетот закони предвидени со Пржинскиот договор, вчера во Парламентот дел од пратениците го коментираа како негово премолчено несогласување со начинот на преговарање на Тодоров, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ на средбите на 4-те партии потписници на договорот од Пржино за надминување на политичката криза, заедно со Радмила Шеќеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ, Имер Алиу од ДПА.

    Тодоров, имено, се смета за главниот ривал на Милошоски за преземањето на функцијата лидер на партијата од Никола Груевски.

    САКАМДАКАЖАМ.МК на 12 јули, повикувајќи се на партиски извори, објави дека  лидерот на на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со назначување за вицепремиери на министрите за надворешни работи Никола Попоски и за здравство НиколаТодоров, ги промовирал двата можни негови наследника кои треба да го преземат кормилото на партијата, по неговото повлекување, но дека сметките им ги мати Антонио Милошоски чија популарност расте кај членството на партијата, а наводно веќе го придобил и поголемиот дел од членовите на Централниот комитет.

    „Тодоров и Попоски  се единствените доверливи луѓе на Груевски преку кои тој може да продолжи да ја води и контролира партијата“, објаснија тогаш извори блиски до највисоките органи на ВМРО-ДПМНЕ, кои сакаа да останат анонимни
    бидејќи не се овластени да зборуваат во јавноста.
    „Антонио, ги потсетува на старото ВМРО-ДПМНЕ“, рекоа изворите на
    САКАМДАКАЖАМ.МК. Наводно, според нив, Груевски нема доверба во него оти стравува дека Милошоски ќе му го направи истото што тој му го направи на Љубчо
    Георгиевски. Се плаши дека откако ќе биде избран за лидер, прво што ќе
    направи, ќе биде чистка во партијата, почнувајќи од Груевски, па до последниот негов соработник со кои владееше овие 10 години и предизвика тешка политичка криза во државата.

    До денес, никој од ВМРО-ДПМНЕ овие информации за ривалската борба за власт во партијата не ги коментираше ниту демантираше.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари