ИЛИ ДА ГИ ФРЛИМЕ ИЛИ ДА Ѝ ГИ ДАДЕМЕ НА МАКЕДОНИЈА – БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ ОДОБРИ ДОНАЦИЈА ОД 51.480 ДОЗИ „ФАЈЗЕР“ НА ТРИ НЕДЕЛИ ПРЕД ДА ИМ ИСТЕЧЕ РОКОТ

    ИЛИ ДА ГИ ФРЛИМЕ ИЛИ ДА Ѝ ГИ ДАДЕМЕ НА МАКЕДОНИЈА – БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ ОДОБРИ ДОНАЦИЈА ОД 51.480 ДОЗИ „ФАЈЗЕР“ НА ТРИ НЕДЕЛИ ПРЕД ДА ИМ ИСТЕЧЕ РОКОТМинистерот за здравство Венко Филипче на седница на бугарската влада во декември 2020, кога разговараа за можна донација на вакцини. (Фото: Бугарска влада)

    Бугарското собрание денеска со 146 гласа „за“ ја ратификуваше спогодбата за донација на 51.480 дози од вакцината „Фајзер“ на Македонија. Рокот на овие вакцини им истекува на 30 септември.

    Пред гласањето, бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров кажа дека ако не биде денес изгласана ратификација, вакцините нема да можат да ѝ бидат дадени на Македонија.

    „Конкретно за Северна Македонија, изборот е дали да ги уништиме или да ги подариме, затоа што на вакцините им истекува рокот до крајот на септември“, изјави Кацаров.

    Тој кажа и дека ова ќе биде прва бугарска донација на вакцини против ковид-19 за Македонија. Рече и дека донацијата требало да се реализира во јуни, но тогаш, според него, Македонија се откажала.

    Кога беше најавена оваа донација од техничката бугарска влада на 1 септември, беше кажано дека Бугарија има вишок од 2,8 милиони вакцини против ковид-19. Бугарија има најниска стапка на вакцинација во Европската унија, со нешто над 20% вакцинирани од вкупното население.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира