ИМА ИСТРАГА ПО ДОПРЕН ГЛАС ЗА КОКИ И КИКИ, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЛОШОСКИ

    ИМА ИСТРАГА ПО ДОПРЕН ГЛАС ЗА КОКИ И КИКИ, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЛОШОСКИМилошоски го праша дали Заев знае кое е лицето Кики, кое е претставено дека е висок член на партијата, а заедно со Коки рекетира фирми и градоначалници. - Заев на собраниската говорница (Фото: СДК.МК)

    Да, и до мене има допрено глас за тоа што се збори низ Скопје, одговори премиерот Зоран Заев на пратеничкото прашање Антонијо Милошоски дали чул дека сопственик на медиум се занимава со корупција, рекетарство и перење на пари.

    „Во изминатиов период се зборува за извесен Коки кој рекетира и пере пари, а многу добро го знаат и вашите сопартијци. Дали допрел глас до вас дека има ваков сопственик на телевизија и дали сте запознаени дека од еден поранешен скопски градоначалник изнудил 200.000“, праша Милошоски.

    Премиерот Заев одговори дека како и цел град и тој го слушнал тоа.

    „Прашав и ми рекоа дека се води истрага до допрен глас. Дај боже да има докази да се расчисти оваа ситуација“, рече Заев.

    Милошоски потоа го праша дали Заев знае кое е лицето Кики, кое е претставено дека е висок член на партијата, а заедно со Коки рекетира фирми и градоначалници.

    „Законите ќе важат за сите без разлика дали е од највисокото раководство на партијата, член на фамилијата Заеви, сопственик на медиум. Истрагата ќе покаже за кого станува збор“ додаде Заев.

    Коки и Кики се измислени имиња за вистински ликови од колумните на главниот уредник на „Плусинфо“ и доскорешен главен уредник на „Слободен печат“ Бранко Героски, кој во неколку продолженија пишува за рекетарство, уцени и перење пари на сопственик на медиум и висок функционер, во соработка локални партиски моќници и обвинители.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира