ИМАШЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ОБУКИ ЗА ГЛАСАЊЕ СО ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТ, ОЧЕКУВАМЕ ДА НЕМА ПРОБЛЕМИ, ВЕЛАТ ОД ДИК

    ИМАШЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ОБУКИ ЗА ГЛАСАЊЕ СО ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТ, ОЧЕКУВАМЕ ДА НЕМА ПРОБЛЕМИ, ВЕЛАТ ОД ДИКУтре втор круг за избор на градоначалници ќе се одржи во 43 Општини и во Град Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Од Државната изборна комисија (ДИК) очекуваат утре, на вториот изборен круг од Локалните избори, да се надминат проблемите со уредите за гласање со идентификација од прст. На денешната прес-конференција портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска кажа дека биле направени дополнителни обуки на избирачките одбори.

    „Имаше уште една тура обуки за претседателите и заменик-претеседатели на избирачките одбори за да им бидат појаснети уште еднаш процедурите. Очекуваме во голем дел проблемите кои се појавија во првиот круг да бидат надминати. Освен тоа, на располагање имаме и над 400 лица за техничка поддршка на избирачките одбори кои можат да излезат на местата за гласање. Овојпат на помалку места ќе се гласа и со тоа техничките лица можат да бидат присутни повеќе“, рече Гугучевска.

    Денеска гласаат лицата кои се наоѓаат во затвор или притвор, болни и изнемоштени лица, лица во домашен карантин и позитивни на ковид-19.

    Утре втор круг за избор на градоначалници ќе се одржи во 43 Општини и во Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира