ИСТЕКОА 60 ДЕНА ОД ПРЕСУДАТА, МИЈАЛКОВ ВЕЌЕ НЕ Е ВО ПРИТВОР

    ИСТЕКОА 60 ДЕНА ОД ПРЕСУДАТА, МИЈАЛКОВ ВЕЌЕ НЕ Е ВО ПРИТВОРСашо Мијалков на изрекување на пресудата за „Титаник 2“ во Кривичниот суд на 8 март. (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по службена должност, му ја укина на Сашо Мијалков мерката куќен притвор до правосилност на пресудата од три години затвор во случајот на СЈО „Титаник 2“. Мерката куќен притвор се укинува, бидејќи Апелациониот суд донесе одлука дека мерката може да трае најмногу 60 дена, рок што денеска истекува.

    Место куќен притвор, на ексдиректорот на УБК му се одредени поблаги мерки на претпазливост, како: обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во судот и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна или друга исправа како и забрана за преминување на државната граница со лична карта.

    На 8 март, Мијалков беше осуден за примање награда за противзаконито влијание, кривично дело што им се става на товар на луѓе на моќни функции, во случајов како тогашен директор на УБК, кои замолуваат или наредуваат на други функционери и лица за да сторат кривично дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира