Истражители на Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска влегоа во просториите на Специјалното јавно обвинителство да ја проверат документацијата за исплати на тамошните вработени, објавени во владината датабаза „Отворени финансии“, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Финансиската истрага е да се утврди дали исплатите на додатоци надвор од платата биле законски.
Според податоците на „Отворени финансии“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, сега во домашен притвор за „Рекет“, зела вкупно 157.000 евра разни додатоци, надвор од редовната плата.