ИСТРАЖУВАМЕ СОМНИТЕЛНИ ТРАНСАКЦИИ НА ЕВН СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА, ВЕЛАТ ОД ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА 

    ИСТРАЖУВАМЕ СОМНИТЕЛНИ ТРАНСАКЦИИ НА ЕВН СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА, ВЕЛАТ ОД ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА Од Финансиската полицијавелат дека не се точни тврдењата на пратеникот Јован Јаулески оти претресот е извршен кај него дома, ниту кај кој било друг член на партијата ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: Архивска фотографија)

    Финансиската полиција во координација со Основното јавно обвинителство Скопје врши проверки во рамки на предистражна постапка, а по претходно добиени сознанија за извршени сомнителните трансакции на парични средства помеѓу ЕВН Електрани и повеќе физички лица, велат од Финансиската полиција. Од таму велат дека не се точни тврдењата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески оти претресот е извршен кај него дома, или пак пак кај некој друг претставник на политичка партија, туку кај вработени лица во ЕВН Електрани ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје, и бараат Управата да не се злоупотребува во политички цели.

    Таткото на Јаулески е раководител на секторот за јавни набавки во ЕВН. Пратеникот објави на Фејсбук дека рано утрово во неговиот домот влегле припадници на финансиската полиција и извршиле претрес.

    „Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН Електрани ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела“, се вели во соопштението од Финансиската полиција.

    Од ЕВН велат дека компанијата соработува со Финансиската полиција како сведок за случај за купопродажба на земјиште во Делчево за изградба на фотоволтаици.

    „На овој случај соработуваме со Финансиската полиција веќе еден месец и се води истрага за лицата кои учествувале во купопродажбата од ЕВН Електрани, фирма сестра на ЕВН“, велат од ЕВН.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира