ИВАНОВ ГО НАПУШТИ СОСТАНОКОТ СО ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ЗА ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО

    ИВАНОВ ГО НАПУШТИ СОСТАНОКОТ СО ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ЗА ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТОУтрово премиерот Заев и министерот Димитров отидоа во вилата на Водно за да му го достават на претседателот Иванов договорот со Грција и да му го претстават решението за спорот. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Ѓорге Иванов не сакал да ја слуша содржината на договорот со Грција од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров и по неколку минути си заминал од средбата, информираат од Владата.

    Утрово премиерот Заев и министерот Димитров отидоа во вилата на Водно за да му го достават на претседателот Иванов договорот со Грција и да му го претстават решението за спорот. Но, владините возила од вилата Водно заминаа само 6 минути откако пристигнаа.

    „Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров имаа конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и напушти состанокот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина. Владата на Република Македонија ги повикува сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Граѓаните конечно добија шанса да испишат ново поглавје во историјата на нашата земја и никој нема право да ги спречува да ја донесат вистинската одлука за македонската иднина“, се вели во владиното соопштение по средбата на Заев и Димитров со Иванов.

    Набрзо по кусиот состанок, од кабинетот на Иванов најавија обраќање на претседателот во текот на денот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира