ИВАНОВ ИМ ОДГОВОРИЛ НА ЗАТВОРЕНИЧКИТЕ ДЕКА НЕ ПОМИЛУВА КРИМИНАЛЦИ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:383:"Затвореницитепрекуадвокатитенеколкупатипорачаадеказаразликаодаболиранатакастаполитичариинивнипомошници,тиесесвеснизакривичнитеделаштогисторилеизатоаимследувапретседателскамилост";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ ИМ ОДГОВОРИЛ НА ЗАТВОРЕНИЧКИТЕ ДЕКА НЕ ПОМИЛУВА КРИМИНАЛЦИ

    Претседателот Ѓорге Иванов на затвореничките од Идризово што бараа да ги помилува и да им ги намали затворските казни им одговорил дека нема намера да помилува криминалци, дознава СДК.МК од адвокатскиот тим што ги застапува барањата на затвореничките. Во писмениот одговор до нив навел дека неговата цел со помилувањата е да помогне да се воведе ред во државата, а не да се ослободуваат веќе осудени криминалци.
    Затвореничките најавуваат штрајк по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не ги помилува. Тие минатата недела побараа помилување и намалување на казната. Во нивната петиција  беше наведено дека сите се мајки. Го молеа претседателот да биде џентлмен и да покаже и за нив разбирање, како што покажа за политичарите.
    По аболицијата што ја потпиша шефот на државата за политичари и нивни соработници осомничени или под истрага од СЈО за криминал што може да произлезе од прислушуваните разговори, затворениците од цела држава побараа претседателска милост и за нив. Петицијата за намалување на казните од 30 до 50 отсто до сега ја потпишале над 2.000 затвореници.
    Вкупно осудени лица во затворите се 3.500. Покрај заканата со штрајк со глад, оние кои досега побарале помилување од Иванов најавија дека ако не добијат намалување на казните, нема да гласаат ни тие, ни нивните семејства.
    Во меѓувреме, според информациите на СДК.МК, продолжува собирањето на потписи за намалување на затворските казни. Затворениците дури и не бараат тотално помилување од него, туку бараат да не ги двои како граѓани од втор ред и барем да им ги намали казните. Преку адвокатите неколку пати порачаа дека за разлика од аболираната каста политичари и нивни помошници, тие се свесни за кривичните дела што ги сториле.
    За разлика од жените – осуденички, на 2.200-те барања за помилување и намалување на затворските казни потпишани од осуденици од цела Македонија – мажи, Иванов се уште не им одговорил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари