ИВАНОВ ЈА ИСКРИТИКУВА ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ ВО ОБРАЌАЊЕТО ВО СОБРАНИЕТО

    ИВАНОВ ЈА ИСКРИТИКУВА ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ ВО ОБРАЌАЊЕТО ВО СОБРАНИЕТОПретседателот Ѓорге Иванов денеска го имаше редовното годишно обраќање во Собранието, прво предд овој состав на парламентот. (Фото: М. Златевска)

    Претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање во Собранието побара правда наместо реваншизам, побара мерки против загадувањето, ги обвини медиумите дека шират лажни вести, дека законот за употреба на јазикот е противуставен.

    Претседателот Иванов, го поздрави усвојувањето на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, но, рече дека нејзиното воведување донесува и одредени контроверзии, преку неконвенционалната дефиниција на родот.

    „Внимателна анализа покажува дека нејзината ратификација со себе носи и одредени ризици. Преку родовата перспектива, Конвенцијата воведува нова и неконвенционална дефиниција на родот како општествен конструкт што е независен од биолошкиот пол, и што може да се менува според волјата“, рече Иванов, пред пратениците во Собранието во годишното обраќање.

    Претседателот Иванов смета дека со воведувањето на ново поимање на родот и полот без отворена јавна дебата со родители, педагози, психолози и сите оние кои се вклучени во образувањето на младите, ќе доведе до наметната толеранција, без вистинско и искрено почитување на различноста.

    Претседателот Иванов побара да биде утврдена одговорноста и за оние кои го предизвикале насилството во Собранието на 27 април.

    „Правдата завршува таму каде реваншизмот започнува. Затоа, потребна ни е правда наместо реваншизам. Кој постапил спротивно на Уставот и законот треба соодветно да одговара. Но, одговорноста не смее да се генерализира. Освен обврски, граѓаните имаат и прав кои мора да се почитуваат-правото на одбрана, имунитет и презумција на невиност. За жал, видовме пратеници со лисици без симнат имунитет и граѓани од „Заедничка Македонија“ обвинети за тероризам. Не можам, а да не ги поддржам оние кои повеќе од два месеци на мирен и достоинствен начин искажуваа грижа за државните интереси, бидејќи дел од нивните барања беа и мои барања“, рече Иванов.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира