ИВАНОВ НЕМАЛ ПРАВНА МОЖНОСТ ДА ПОМИЛУВА – ВЛАДАТА УСВОИ МИСЛЕЊЕ ЗА АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 11 ОД ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ

    ИВАНОВ НЕМАЛ ПРАВНА МОЖНОСТ ДА ПОМИЛУВА – ВЛАДАТА УСВОИ МИСЛЕЊЕ ЗА АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 11 ОД ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕПленарна седница на Собранието за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување може да се закаже најрано за 11 декември, откако ќе заврши расправата за буџетот за следната година во Комисијата за финансирање и буџет. - Министерката за правда Рената Дескоска во Собрание (Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница го усвои мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски, соопштија од Владата. Според усвоеното мислење поранешниот претседател Ѓорге Иванов воопшто немал право да помилува без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување, се незаконски и како такви ништовни.

    „Законот за помилување беше изменет и дополнет во 2009 година, кога беше укинат членот 11 кој содржеше можност за помилување без спроведување на постапка, се вели во мислењето на Министерството за правда. Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни“, соопштија од Владата.

    Пратеничката иницијатива за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување доаѓа откако Уставниот суд поведе иницијатива за оценување на уставноста на членот 11-а од истиот закон, според кој претседателот има право во рок од 30 дена повлече помилувања.

    Ако биде прифатена иницијативата, Уставниот суд ќе ги поништи сите обвиненија, истраги и судски процеси што се поведени против поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа амнестирани од  поранешниот претседател Ѓорге Иванов на 12 април 2016 година. Следниот месец, Иванов ги повлече амнестиите.

    Пленарна седница на Собранието за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување може да се закаже најрано за 11 декември, откако ќе заврши расправата за буџетот за следната година во Комисијата за финансирање и буџет.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари