ИВАНОВ ПОТВРДИ ДЕКА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА КАБИНЕТОТ ЈОСИФОВСКИ БИЛ ВО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ВРЕМЕ НА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО, КАКО ШТО КАЖА НИНЏА

    ИВАНОВ ПОТВРДИ ДЕКА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА КАБИНЕТОТ ЈОСИФОВСКИ БИЛ ВО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ВРЕМЕ НА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО, КАКО ШТО КАЖА НИНЏА „Сега видов дека бил во партијата“, одговори претседатекот Ѓорге Иванов на прашањето каде бил неговиот генерален секретар на Кабинетот за време на организираниот напад на Собранието на 27 април лани, со што го потврди сведочењето на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа дека Јосифовски бил во парамилитарниот штаб на 8 кат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Ѓорге Иванов потврди дека генералниот секретар на претседателскиот кабинет Борис Јосифовски за време на нападот на Собранието на 27 април лани бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 8. кат, каде според сведочењето на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа оперирал парамилитарниот партиски штаб кој го координирал нападот.

    На прашањето каде бил Јосифовски на 27 април, Иванов на прес-конференцијата вечерва рече дека кога видел на телевизија што се случува во Собранието му се јавил на генералниот секретар да го свика Кабинетот.

    На прашањето каде бил Јосифовски тогаш, Иванов одговори: „Сега видов дека бил во партијата“.

    Иванов рече и дека претседателскиот советник за национална безбедност Синиша Алексоски, кој во сведочењата на обвинети на судењето за 27 април неделава беше спомнат дека најавил оти претседателот вечерта ќе прогласи воена состојба, тој ден бил упатен на пат за Вашингтон, и дека тој во вратил од Истанбул каде што стигнал со кола.

    Иванов кажа и дека УБК е жариште на генерирање на сите политички и безбедносни кризи во земјата, а дека тој како претседател на тоа укажал уште пред 2 години.

    Тој уште еднаш го негираше тврдењето на обвинетиот Нинџа дека планирал да воведе воена состојба, но се повлекол под притисок на странски фактор.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари