ИВАНОВ ПОВИКА НА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, А ДВАЈЦА ОД ЛИДЕРИТЕ СЕ ПОВРЕДЕНИ

    ИВАНОВ ПОВИКА НА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, А ДВАЈЦА ОД ЛИДЕРИТЕ СЕ ПОВРЕДЕНИИванов повика на смиреност од неговиот кабинет на Водно. (архивска фотографија)

    Претседателот Ѓорге Иванов ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба во неговиот кабинет утре во неговото обраќање вечерва по упадот на демонстранти во Собранието. Двајца од лидерите на парламентарните партии, Зоран Заев од СДСМ и Зијадин Села од АА вечерва беа повредени, откако беа физички нападнати од демонстрантите.

    „Ги повикувам лидерите на парламентарните партии утре да дојдат во мојот кабинет на лидерска средба за да ја разгледаме новонастаната состојба. На лидерската средба да ги разгледаме сите опции за смирување и наоѓање излез од новонастаната состојба“, кажа Иванов од неговиот кабинет.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира