ИВАНОВ СО ПОМИЛУВАЊАТА ЈА ВРАТИ МАКЕДОНИЈА НА КРИЗНАТА МАПА НА СВЕТОТ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:484:"МеѓународнатакризнагрупагипосочуванајаватанаСДСМзабојкотнаизборите,аболицијатанапретседателотИванов,попречувањенаработатанаСпецијалнотообвинителство,протеститеисмрттанасведокотнаСЈОКостаКрпачкакопоказателизавлошувањенакризата";s:9:"td_source";s:51:"Вашингтон,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ СО ПОМИЛУВАЊАТА ЈА ВРАТИ МАКЕДОНИЈА НА КРИЗНАТА МАПА НА СВЕТОТ

    Македонија се најде во друштво со Авганистан, Бангладеш, Гамбија, Ирак, Нагорно-Карабах (Азербејџан), Република Конго и Сирија како држави во кои се кризата се заострува. Меѓународната кризна група (ИЦГ), на својата редовна месечна листа за надзор на кризи и конфликти во целиот свет ја стави Македонија меѓу земјите каде состојбата се влошува.

    Најновиот список на кризни жаришта во светот оваа влијателната организација го објави вчера (2 мај).

    Меѓународната кризна група ги посочуваат настаните во текот на април, од најавата на СДСМ дека ќе ги бојкотира изборите на 5 јуни затоа што не се исполнети реформите на медиумите и прочистувањето на изборниот список, преку аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов на политичари под кривична истрага за криминал произлезен од аферата со прислушувањето и  попречување на работата на Специјалното обвинителство, па протестите, смртта на сведокот на СЈО Коста Крпач кој беше најден дома застрелан во гради на 27 април, па се до последниот извештај на Фридом хаус, според кој Македонија е оквалификувана како „неслободна земја“ во врска со слободата на медиумите.

    Барометарот на кризните жаришта во светот прикажан на страната на Кризната група

    Барометарот на кризните жаришта во светот прикажан на страната на Кризната група

    Меѓународната кризна група (ИЦГ) беше многу активна во Македонија со свои претставници на теренот за време на конфликтот во 2001.

    ИЦГ има канцеларии во Брисел, Вашингтон, Њујорк и Пекинг и пристап и влијание врз највисоките нивоа на владите на САД и ЕУ, како и во ОН, ЕУ и НАТО. Станува збор за влијателна независна, непрофитна, невладина организација посветена на разрешување смртоносни конфликти, со екипи на 5 континенти.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира