ИЗБОРИ НА 12 АПРИЛ ДОГОВОРИЈА ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ

    ИЗБОРИ НА 12 АПРИЛ ДОГОВОРИЈА ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИПремиерот Зоран Заев треба да поднесе оставка и да се избере нов технички премиер и нова техничка влада - од лидерската средба кај претседателот Пендаровски - (Фото: К. Попов)

    Предвремените парламентарни избори ќе се оддржат на 12 април идната година се договорија на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски лидерите на шест партии што имаат пратеници во Собранието, соопшти лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

    Техничката влада ќе се формира 100 дена пред одржување на изборите, односно на 3 јануари.

    Премиерот Зоран Заев треба да поднесе оставка и да се избере нов технички премиер и нова техничка влада. Техничкиот премиер ќе биде по предлог на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министри за внатрешни работи и труд и социјална политика, односно од овие места ќе заминат Оливер Спасовски и Мила Царовска. Опозициската партија ќе добие и заменици-министри за финансии, земјоделие и за информатичко општество и администрација.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира